Животната приказна на голманот на иранската репрезентација 25 годишниот Алиреза Бејрандванд ќе ве остави без зборови.
Иран беше на чекор од сензација и пласман во осминафиналето, но на крајот против Португалија успеаја да освојат само бод.
Херој на Иранците беше голманот Алиреза Бејранванд кој кон почетокот на второто полувреме при 1:0 за Португалија му одбрани пенал на Роналдо.
Многумина речиси сега прв пат да слушнаа за иранскиот голман, но зад неговиот успех се крие голема тажна приказна.
Неговите родители често се селеле на различни локации барајќи пасишта на кои можеле да ги пасат своите овци. Тој е најстарото дете во семејството па така целиот товар секогаш му паѓал нему.
Овчар- тоа било неговата професија, но кога не морал да ги чува овците играл фудбал и локална иранска игра Дал Паран во која целта е фрлање на каменот што подалеку.
Таа игра подоцна му помогна во кариерата, бидејќи се прослави фрлајќи ја топката со рака, па така светот се стаписа кога дозна дека при неговата асистенција за гол фрлајќи ја топката со рака таа летала 70 метри.