Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ објави статус на својата фејсбук страница наведувајќи кој всушност се препознал во зборот „талог“.

Во прилог интегрален текст од објавата:

„Народот многу добро знае кој со години ширеше безнадежност, поделби и чувство дека Македонија не може подобро.
Оние што денес најгласно се навредуваат од зборот „талог“, всушност сами се препознаа.
Наместо аргументи, нудат манипулации.
Наместо идеи, нудат страв.
Наместо визија, нудат дефетизам.
Децении гледавме како државата стагнираше, како се губеа можности, а личните интереси беа поважни од интересите на граѓаните. Денес, кога Македонија се движи напред, кога се враќа надежта и вербата дека може поинаку, тоа најмногу ги вознемирува токму оние што живееја од кризите и поделбите.
Македонија не смее повторно да биде држава на разочарување, туку држава во која се вреднуваат трудот, знаењето, чесноста и резултатите.
Нашиот избор е јасен – да градиме институции што ќе работат за граѓаните, да создаваме можности за младите и да ја зајакнуваме државата, наместо повторно да се враќаме на политиките што ја држеа во место.
Надежта, единството и работата секогаш ќе бидат посилни од лагите, поделбите и песимизмот.
Македонија заслужува иднина во која ќе победуваат резултатите, а не манипулациите.
Македонија го заслужува само најдоброто од сите нас“!