Договорот од Преспа доведува до апсурдни ситуации во Република Македонија, поради обврската од истиот, од понеделник на полноќ да бидат неважечки сите документи кои се без придавката „северна“.

Како што е веќе објавено, нема да важат пасошите, личните карти, возачките и сообраќајните дозволи…

Логично на тоа многу граѓани си го поставуваат прашањето: Дали ќе важат банкнотите и апоените во платниот промет на кои пишува само Република Македонија? И дали казните за непоседување возачка или сообраќајна дозвола ќе може да се плаќаат со банкноти во денари на кои пишува само Република Македонија, а не ја содржи додавката Северна?

Ова прашање останува да виси, а од институциите засега нема одговори на тоа прашање.

(Д. Г.)