Норвежанецот Јоханес Тингнес Бо стана шампион на десеткилометарскиот биатлон на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Бо претпладнево на убедлив начин го освои првото место со време 24:00.4 минути.
Второто место го зазеде Французинот Квентин Фијон Меје со 25,5 секунди побавно време зад победникот.
Норвешка на оваа трка освои уште еден медал. Брнзата е за Тарјеи Бо кој ја комплетира првата тројка со заостанување од 38,9 секунди зад својот сонародник.
Норваеаните по златото на Бо се изедначија на врвот на листата на медалисти со германската репрезентација со по седум најсјајни одличја.