Во Зоолошката градина – Скопје денеска ќе биде отворено надворешното живеалиште за пингвини.
Зоо Скопје првпат во своето постоење од 1926 година е дом на пингвини.
-Вкупно имаме девет пингвини, од кои три пристигнаа од Италија, а шест од Русија. По карантинскиот престој и адаптација првпат ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште кое е градено по светски стандарди и со идеални услови за овој вид на јужноамерикански пингвини, информираат од Зоолошката градина.
Проектот е целосно финансиран и поддржан од Градот Скопје, а по тој повод обраќање до јавноста ќе има и градоначалникот Петре Шилегов.
Отворањето на надворешното живеалиште за пингвини беше закажано за вчеравечер, но поради временските неприлики и дождот беше одложено за денеска.
Неодамна, како што е познато Шилегов го отвори паркот на диносаурусите. За двата проекта беа потрошени големи суми пари од градот, на што имаше реакции дали е тоа оправдано во време на пандемија, кога парите се понеопходни за други намени.