Зоран Ангеловски е избран за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА).
Ангеловски е избран едногласно со 83 гласа „за“, како и со двотретинско мнозинство. Неговиот мандат ќе биде пет години.
Предлогот Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати.
По изборот на Ангеловски, седницата беше прекината и ќе продолжи откако надлежните собраниски комисии ќе ги разгледаат неколкуте закони кои треба да бидат донесени по скратена постапка.