Откако стана дел од кралското семејство, Војвотката од Сасекс ќе мора строго да ги следи правилата за исхрана – а тоа значи да се откаже од нејзината омилена храна.
Поранешната актерка, сега војвотката на Сасекс, Меган Маркл сега ќе мора строго да ги следи правилата за исхрана.
Кралскиот батлер Грант Харолд открива дека кралското семејство не јаде морска храна поради страв од труење.
– Напуштањето на морска храна е многу разумен потег, особено ако извршувате јавна функција. Не сакаме член на кралското семејство да има сериозна реакција на труење, особено за време на официјалните ангажмани и светските турнеи, вели Батлер.
Без сомнеж, Меган е сигурно разочарана од оваа забрана во исхраната, бидејќи претходно изјавуваше дека многу ја сака морската храна.
– Обично вечерам морски плодови и тестенини, а коктелот Негрони е резервиран за вечер, изјави своевремено Меган.
Освен ова правило во исхраната, Меган ќе има и други забрани: не смее да прави „селфи“, да дава автограми и секогаш треба да патува во црна гардероба во случај некој од членовите на семејството да почине.