Во српскиот главен град има најмалку 96.647 жени кои немаат партнер и некои од причините за тоа се што мажите често мигрираат, млади умираат, а жените во се поголем број се доселуваат во престолнината.

Демографи и аналитичари во шега велат дека статистиката е како бикини, покажува се, а ништо не открива.

Иако во просек се раѓаат 1,5 отсто машки отколку девојчиња, главниот град на Србија има недостиг од мажи. Ако низ бројки се гледа во Белград, има дури 96.674 жени повеќе отколку мажи.

Според податоци на Секретаријатот за управа, во Белград има 52.8 жени и 47,2 отсто припадници на  посилниот пол.

Според анализа на таа референтна установа, моментно во Белград има 1.724.00 луѓе. Од таа цифра, 910.337 се жени и 813.663 се мажи, објавува блоот Урбани страни. Во годишните извештаи тие проценуваат дека со вода од Сава секој ден се мијат барем 1,8 милиоони жители, бидејќи има барем 75.000 кои не се официјално заведени.

Според демографот Владимир Никитовиќ, таа диспропорција во пракса лесно се објаснува.

На разликата влијае тоа што дамите во просек живеат подолго од мажите. Но, значаен фактор се миграциите

– Мажите се тие кои најчесто се во потрага по работа и подобар живот, и поради тоа одлучуваат да го променат местото на престој. Во голем број случаи одат во странство, објаснува Никитовиќ за Урбани страници.

Според тој експерт од Институтот за општествени науки, фактор што влијае врз диспропорцијата мажи-жени е и што мажите во голем број умираат или насилно страдаат во помлади години од животот.

Просечна старост на жител на Белград е 41,2 години. Кај понежниот пол – 42,6 години додека мажите се „помлади“ – со 39,7 години во просек. По домаќинство имаме 2,7 членови.

Статистиката открива и поразителни бројки – главниот град на Србија во однос на живородени и починати секој месец губи преку 600 жители.

Од јануари до април 2018 година во Белград починале точно 8.429 граѓани. Во исто време се родиле 5.882 бебиња.

Сепак, во изминатите 10 години,  со вештачка миграција од внатрешноста бројот на жители на Белград е зголемен за преку 220.000 жители.

Дури 35 отсто повеќе жени отколку мажи се доселиле во престолнината од внатрешноста на Србија, БиХ и Црна Гора.

Кризата се чувствува и во семејството.

Во 2016 година се склучени 9.030 бракови. Во исто време се развеле 2.401 пар. Немажени и неженети се 27 отсто од популацијата на главниот град.

Наместо 96.674 полнолетни дами без партнер, таа цифра е во стварноста многу поголема. Нема секоја жена или маж по автоматизам свој партнер. Има голем број мажи кои сакаат други мажи, што е поголем број отколку што жени сакаат жени.

Жените во Белград живеат 77,5 години и просечно во пензијата може да уживаат барем 15,5 години.

Кај мажите е многу лошо. Мораат да работат до 65-та година. Просечно живеат 72,6 години што значи во пензија се само 7,6 години односно двапати помалку време од жените.

Сите тие бројки треба да се гледаат со резерва. Машки деца и девојчиња до 18 години не се во тоа истражување.

МИА