Европската унија има потреба од сопствени вооружени сили за да ја осигура нејзината безбедност, изјави министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

– Новото безбедносно опкружување покажува дека ЕУ мора да преземе поголема одговорност за својата безбедност. Затоа ни е потребна модерна и интероперативна европска армија, објави Борел на својот блог.

Според него, ЕУ треба да работи во три главни насоки за реализација на тоа – прво, членките на Унијата да работат на зајакнување на борбената готовност на силите; второ, квалитативно и квантитативно да се зголемат постоечките капацитети во следните пет години и трето – да се развијат клучни заеднички капацитети во подолг временски период.

– Време е да се подобри европската одбрана. Треба да ја зајакнеме европската одбранбена индустрија и да бидеме оперативни со потребните воени капацитети. Да ја зголемиме воената способност за одбрана, да го зајакнеме НАТО и подобро да ги поддржуваме нашите партнери, нагласи Борел.