Повеќе од сто безживотни тела се донесени во болницата во Ахмедабад по уривањето на патничкиот авион на „Ер Индија“, кој летал за Лондон.

Авионот Боинг 787-8, со 232 патници и 12 членови на екипажот, што денеска се урна кратко време по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, падна врз студентски дом на Медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди изјави дека трагедијата во Ахмедабад го потресла и длабоко го растажила.

Во овој тажен момент, моите мисли се со сите кои оваа несреќа ги погоди. Во постојан контакт сум со министрите и надлежните служби кои помагаат на погодените, истакна Моди.

Во меѓувреме шефот на британската дипломатија Дејвид Лами.

потврди дека во Индија и во Велика Британија се формирани тимови за одговор на кризи.

фото: ЕПА