Д-р Звездна ГЕОРГИЕВА

Водата има две уникатни својства: памет и информативност. Водата ја разнесува информацијата по целото тело, до секоја наша клетка и до секој наш орган. Возможно е да ја црпи таа информација од „духовното информационо поле“ кое ја обвиткува Земјата и секој човек, и не сврзува со космосот.

Славјаните од древните времиња имале култ кон водата како стихија. Верувале во нејзината волшебна сила, јасното тело и душа. Денес, научниците докажаа дека водата ја променува структурата и станува јасна под влијание на зборот, убавата музика и воопшто, под влијание на високата духовност. Кој знае како и влијаел и Исус.

Како што пишува во Библијата, на денот на крштевањето, кога влегол во водите на Јордан, Исус ја осветил водата во целиот свет. Следствено, светот на водата и светот на живите суштества образуваат едно цело, обединето информационо поле, кое ја пронижува и водата. Таа е уникатен примател и давател на информација. Таа е инсталација, која ја предава на Земјата од космичката природа, таа е уникатен информатор на космогеничните процеси и е супстанција која е способна да го промени целиот живот на нашата планета.

Водатата категорично ги одвојува доброто од злото.

Направени се обиди од луѓе кои на чашите со вода залепуваат налепници со „љубов“, „благодарност“ и „здравје“ и ја користат за своите цвеќиња. Тие цвеќиња живееле подолго од другите кои биле полевани со обична вода.

Направени се обиди и од научници со кои се докажало дека доброто конструктивно влијае на водата, а злобните емоции ја осиромашуваат. Докажано е исто така дека ако се отстранат структурите на злите сили, таа најдобро се активира, зашто зборовите се способни да влијаат непосредно врз биолошките структури. Докажано е и дека звукот влијае на структурата на водата. Многу млади луѓе кои слушаат т.н. метал, тешка музика, имаат разбиена и негативна структура на мислата и душата. Докажано е и дека водата „слуша“ и се менува под влијание на зборовите. Освен тоа, таа е свесна за значењето на зборовите, кои можат да ја изменат структурата. Од една страна на полошо, од друга на подобро со зборовите за љубов и со молитва кои ја структурираат за здравје.

Водата е одличен примател на информација. Таа прима информација и преку печатените букви (букви или хиероглифи) Таа ја прима информацијата и од човечките мисли дури и од дејствијата. Водата неверојатно ја зачувува и ја пренесува информацијата. Секој бил сведок на „баеаната“ вода од нашите баби. Тој феномен и до ден денес научниците не можат да го објаснат.

Друг момент е неверојатниот квалитет што водата го манифестира кога ги измива негативностите од човекот. Во тој момент водата ги отстранува, но само ако биополето на исцелителот е посилно од негативот кој го чисти од човекот. На истиот начин можете да ја растворите агресијата на човекот до вас во чаша со вода.

Водата можете да ја користите и против болести, депресија и болемијатата.

(авторот е психолог и јасновидец. за консултации тел 075 688 588; повеќе информации и на https://www.facebook.com/zvezdnapsiholog).

Повеќе текстови од авторот на оваа страница.