Исмаил Јахоски, познат како „Пуцко Петрол„ од ДУИ и Фатмире Исаки од ДПА, инаку двајцата дел од Европскиот фронт може да ги изгубат пратеничките мандати. Нивните места висат доколку на зад-утрешното прегласување во петтата и шестата изборна единица се добијат различни резултати од предходните. Местото на Јахоски може да премине кај Лазе Јакимовски од ВМРО-ДПМНЕ, или кај Боби Мојсоски од ЛДП, кој е дел од коалцијата на СДСМ. Местотто на Исаки, во шесттата изборна единица пак, може да отиде кај Имрилие Фетаи-Салиу од Вреди. Но, во шестката мандатот може да го добие и Ердоган Сарач кој е на листата на ВМРО-ДПМНЕ како кандидат од Движењето за национално единство на Турците во земјава.

Доколку додјде до промена на мандатите ВМРО-ДПМНЕ од 58 може да стигне до 59 или 60 пратенички места, а коалицијата „вреди„ од 13 да скокне на 14, а ДУИ да падне за две места – од 19, на 17.

Во Желино кое е дел од шестата изборна единица, каде што се запишани 992 избирачи, на изборите на 8 мај гласале 479 луѓе. Најмногу гласови од нив „легнале“ на сметка на коалицијата Вреди, вкупно 332, додека коалицијата преводена од ДУИ освоила 134 гласа, а СДСМ само 4. Во Желино се бара прегласување затоа што 110 гласачи не гласале со проверка на отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку само со проверка на матичниот број и скенирање на личната карта. Овде спроед Новаковски, шансите за промена на еден пратенички мандат се големи,“ објаснува Новаковски.

Зборуваме по симулација, ако се земе предвид, кај кого може да оди мандатот при распределба, на прегласување, постојат шанси мандатот да го добие Вреди, вели Новаковски.

Одлуката за прегласување ја донесе Државната изборна комисија откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на ДИК. Поради ваквата одлука на Управниот суд и на ДИК,  ДУИ обвини дека се прави изборен инженеринг со цел на партијата да и се одземат две освоени пратенички места.

Предизборниот молк во пресрет на прегласувањето во среда започнува вечерва на полноќ.