Епидемијата на коронавирусот ќе заврши во април идната година, прогнозира епидемилогот проф. д-р Драган Даниловски, кој вечерва во вестите на ТВ Сител рече дека сојот омикрон  се шири четирипати полесно, но и дека не се точни претходните дезинформации околу овој сој.

– Кога се појави на крјаот на ноември, сите бевме на штрек. Се покажа дека има вкупно 6о мутации. Како дезинформации се покажаа вестите дека е 500 пати, или 70 пати позаразен.

Тој е четирипати позаразен е и помалку опасен. 80 пати е помала веројатноста да завршите во болница. Најчести симптоми се болки во грло, течење на носот и главоболка. Сепак имаме работа со поблаг вирус, рече д-р Даниловски.

Тој додава дека ваквите информации не значат дека сите треба да се опуштат. Постарите граѓани треба да бидат внимателни и да се вакцинираат со трета доза.

– Ќе бидам во право дека сигурно ќе имаме зголемен број на случаи, но ќе се лечат дома како изолирани. Нема да имаме како минатите бранови и преоптовареност на болничките капацитети.

Крајот на пандемијата кај нас ќе настапи со изнемоштеноста. Со резигнација граѓаните прифаќаат да живеат со вирусот, смета Даниловски.

Пандемијата, според него, би завршила на крајот на април.

– Вирусот не сака да го убие домаќинот, туку тој да го распрснува со заразување на други. Крајот на април ќе биде крајот на пандемијата, а ќе се вакцинираат само ризичните групи, заклучува Даниловски.