Канадско-американскиот милијардер Илон Маск е критикуван на кинеските социјални мрежи бидејќи, како што е наведено, неговите два сателита за малку ќе се судреле со голема кинеска вселенска станица.

Најбогатиот човек на светот, кој беше избран за личност на годината во 2021 година во анкета на списанието „Тајм“, во Кина е познат по електричните возила „Тесла“, но активностите на неговата компанија за вселенски истражувања СпејсИкс предизвикаа критики на социјалните мрежи.

Според документот кој Пекинг го испратил до Канцеларијата на ОН за вселенски прашања во Виена во декември, кинеската вселенска станица Тиангонг морало да маневрира двапати во јули и октомври за да избегне судар со леталата на СпејсИкс.

Пекинг информира дека неговата вселенска агенција морало да реагира за да се осигура безбедноста на самите астронаути.

Од СпејсИкс досега не реагираа на тие информации, што не им се допадна на корисниците на социјалните мрежи во Кина.