Покрај изградбата на Клиничката болница во Штип и обиколницата околу Штип како и физибилити студијата за поврзување со железница на Штип со Струмица, со проектот за 250 милиони евра за општините за Штип предвидуваме комплетна изградба, нов булевар Партизанска, предвидуваме комплетна реконструкција на тврдината Исарот и предвидуваме водоводна линија 2, изјави денеска носителот на изборната листа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 2 Драган Ковачки.

Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт тогаш во Македонија и Штип се гради.

Затоа ве повикувам во среда сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за градење, за развој на Македонија за развој на Штип, порача Ковачки.