Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок синоќа откако Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри пакетот помош за Украина, изјави дека тоа е „ден на доверба за Украина и за безбедноста на Европа“, јави ДПА.

„Надмината е голема пречка за американската помош за Украина. Срцата на најважните поддржувачи на Украина бијат како едно. САД и Европа се заедно на страната на слободата и против „војната против тероризмот“ на рускиот претседател Владимир Путин“, напиша Бербок синоќа на социјалната мрежа Икс.

Претставничкиот дом синоќа го одобри предлог-законот со кој се обезбедува помош за Киев во вредност од околу 61 милијарда долари. За да стапи на сила предлог-законот, неопходно е одобрение и од Сенатот, за кое се смета дека е загарантирано, забележува ДПА.

Фото: МИА архива