На европските берзи утрото цените на акциите пораснаа втор ден по ред, а најголем скок забележаа рударскиот и енергетскиот сектор, благодарение на поскапувањето на нафтата и суровините.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9.30 часот порасна за 0,5 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред.

Лондонски FTSE индекс се зголеми за 0,48 отсто, на 7.527 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,60 отсто, на 16.037 поени, а париски CAC 0,59 отсто, на 7.226 поени.

Растот на индексот најмногу се должи на скокот на цените на акциите во рударскиот сектор во просек за 1,7 отсто. Зголемувањето на цената на нафтата го поддржува енергетскиот сектор.