Руската државна железничка компанија соопшти  дека во 2021 година забележала скок од 34,4 отсто во контејнерскиот товар поради глобалната логистичка криза што го пренасочи протокот на стоки на пат од Азија кон Европа преку Русија. Рускиот транзитен контејнерски сообраќај се зголеми на 1,076 милијарди TEU (1 TEU е отприлика 1 голем товарен контејнер), се вели во соопштението на Руските железници.

Компанијата прогнозираше во октомври дека ќе превезе повеќе од милион TEU во текот на 2021 година. Скокот на обемот на превезениот товар минатата година е најголем откако почнаа да работат во септември 2003 година.

Огромниот пораст на трошоците за поморска испорака, предизвикани од колапсот на синџирот на снабдување на глобалниот транспортен пазар, ги поттикна кинеските производители да испраќаат повеќе стоки во Европа со железница преку Русија.