Корпорацијата за нуклеарна енергија на Емиратите (ENEC) денеска објави дека до 2025 година ќе произведува 85 отсто од чистата електрична енергија во Абу Даби.

Нуклеарната централа Бараках има потенцијал да произведува еден милион тони водород годишно, изјави Мохамед Ибрахимал-Хамади, извршен директор на ENEC.

„Ова гориво со ниска содржина на јаглерод е од суштинско значење за транзицијата кон свет со нето нула емисија на CO2“, рече тој на конференцијата за енергија.

Електраната во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, е првата нуклеарна централа во арапскиот свет и е дел од напорите на таа земја-производителка на нафта од Персискиот залив да го диверзифицира својот енергетски микс.