Програмерите на апликации заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година од продажба на дигитални производи и услуги на App Store, објави американскиот технолошки гигант Епл.

Само минатата година, програмерите заработија 60 милијарди долари, соопшти Епл. Според нив, потрошувачката на корисниците на App Store во периодот од Бадник до Нова година достигна највисоко ниво откако ја воведоа во понудата, без да наведат бројка.

Само додадоа дека во однос на празничниот период на крајот на 2020 година бележи двоцифрен раст.

Во јуни минатата година, Епл објави дека во 2020 година, вредноста на издадените фактури и продажбата во екосистемот на App Store се зголемила за околу една четвртина, на 643 милијарди долари.