Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе синоќа го постигна победничкиот гол во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид (1:0).

Овој погодок беше 13. за Мбапе во последните 13 натпревари во елитното фудбалско натпреварување.

Договорот на 23-годишниот Французин со Пари Сен-Жермен е со важност до 30 јуни оваа година. Се шпекулира дека по крајот на сезоната ќе се пресели токму во Реал.

Вкупно, во Лигата на шампионите како дел од францускиот клуб, Мбапе одигра 45 натпревари, постигна 26 гола и оствари 27 асистенции.

Реваншот од помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ ќе се одржи на 9 март во Мадрид.