Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола критикуваше дел од неговите избраници и покрај победа со 5:0 против Спортинг на гостински терен остварена синоќа во осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Некои играчи играа полошо од вообичаено, лесно ја губевме топката. Во исто време денеска бевме многу ладнокрвни. Во првите седум минути видовме колку е добар Спортинг. Разликата меѓу тимовите верувајте не е 5:0. Во фудбалот има едно правило: кога сте со топката, обидете се да не ја изгубите, особено во лесни ситуации. Ние често ја губевме топката. Кога тоа ќе се случи на натпреварите против врвните тимови во Европа, тие добиваат шанса за контранапад. Треба да се подобриме. Спортинг е фантастичен тим, шампион на Португалија. Знам колку се добри, навистина одличен тим. Направивме огромен чекор кон пласман во следната рунда. Но, ова е само еден натпревар. Ова е одличен резултат, но потребен е уште еден натпревар за пласман во четвртфиналето. Играчите ме познаваат мене, начинот на кој работиме. Треба да се подобриме. Знаете, навистина сум среќен, но можеме да бидеме подобри, изјави Гвардиола за „BT Sport“.

Реваншот ќе се игра во Манчестер на 9 март.