Словачката репрезентација во хокеј на мраз стигна до полуфиналето на Олимпијадата 2022 година во Пекинг. Во четвртфиналето Словаците рано утрово ја совладаа селекцијата на САД со 3:2 по изведување пенали.

По основните 60 минути резултатот беше изедначен 2:2, а во продолжението од 10 минути немаше погодок па се пријде кон изведување пенали.

Словачка по втор пат во историјата се пласираше во полуфиналето на олимпискиот хокеј турнир. За прв пат, тимот успеа да влезе во големата четворка на Олимпијадата 2010 година во Ванкувер. Тогаш Словаците загубија во полуфиналето од Канада (2:3), а во натпреварот за третото место – од Финска (3:5).

Во другите три четвртфиналиња денес се среќаваат:
Русија – Данска
Финска – Швајцарија
Шведска – Канада.