Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во еднодневна официјална посета на Романија, ќе оствари средби со неговиот романски колега Николае Чиука и ќе биде примен од претседателот на Романија Клаус Јоханис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис и Чиука, предвидено е да потпишат и заедничка декларација за соработка, а премиерот на Грција ќе се сретне и со управниот одбор на грчко – романската трговска комора и со грчки бизнисмени.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, овен билатералните односи и економијата за време на средбите во Букурешт ќе стане збор и за Западен Балкан, за ситуацијата во Украина, во Источниот Медитеран итн.