Не знам дали пожарот е голем или не, но едвај се минува по една лента на патот кај Кочани. Летаат запалени парчиња. Ве молам информирајте кај надлежните, објави скопјанката Габриела Арсова-Милшевска на својот ФБ профил.

Таа успеала од својот автомобил да сними и две фотографии од кои може да се види дека станува збор за загрижувачки пожар. На лице место можеби не е така, но по ланското иксуство со пожарите и нашата неспособност да се справиме со нив, подобро е да се алармира, па макар и на ваков начин.