Знаеме дека патот кон ЕУ воопшто не е лесен, знаеме и дека тие не беа секогаш фер кон нас. Но, само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ можеме да ги одобриме состојбите во здравството, во судството, во образованието и заеднички да се бориме против криминалот и корупцијата. Од ова, нема откажување!, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Брвеница.

Ковачевски нагласи дека само, заеднички и одлучно, можеме Македонија да ја направиме едно убаво и пристојно место за живеење на сите нас.
Изборот на 8ми мај е јасен – или враќање назад кон минатото со ВМРО-ДПМНЕ или напред со нас, со мене, со СДСМ, со Коалицијата за европска иднина, со нашиот претседател Стево Пендаровски, потенцираше Ковачевски.
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски наглади дека со заокружување на бројот 1 граѓаните гласаат за европска иднина.

Излезете на 24 април и на 8ми мај и заокружете го бројот 1! Дајте го гласот за Европска Македонија и заеднички, да им обезбедиме сигурна иднина на нашите деца и идни генерации. Нема откажување од иднината!, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Брвеница.