Претседателот (Талат) Џафери на работен ручек при студиската посета на Бундестагот, гласи телеграфската вест од Собранието на Македонија, објавена на нивниот официјален профил на Фејсбук.

Како што веќе објавивме, Џафери предводи поголема делегација со Светанка Иванова на четиридневна посета на Берлин во Германија.

Во меѓувреме, во Македонија не стивнува револтот во јавноста од дрскиот и неодличен однос на Џафери кон вработени во Собранието, на кои како што можеше да се слушне од снимката примитивно им се дере и ги пцуе како кочијаш.