Варваризмот на Арбр Адеми и од друг агол. На снимката убаво се гледа дека тој прво го удира Антонио Милошоски по раката, откако претходно има мало влечење околу микрофонот.

А што е причината за ваквата нервоза на Адеми? На својот ФБ профил објаснува пратеникот Стојановски. Еве што вели тој:
ЗА ЈАВНОСТА ДА ДОБИЕ ЦЕЛОСНА СЛИКА
Затоа што верувам дека ДУИ – СДСМ ќе се обидат со сите сили да го дефокусираат настанот.
Што е причина за нервозата !?
Законот за работни односи – по скратена постапка, со Европско знаменце.
Што предвидува !?
Да се дозволи судии и обвинители кои се блиски до власта, да продолжат со работен однос и по навршување на 64/62 години старост, односно до 67 години.
И тоа впринтано во закон, со “фоторобот”, уште име и презиме да напишеле.
Е сега одговор на прашањето, зошто нервоза !?
Од страв од одговорност !
Ама од одговорноста за сторените криминали нема бегање !
Оваа криминална структура мора да биде развластена.
Ова се последните “сили” на мафијата на власт, можете да провоцирате, да удирате, да губите контрола, но за криминалот спас нема да има !