Собранискиот спикер Талат Џафери наместо орден заслужува затвор поради дезертирање од АРМ во 2001 година, твитна Џејсон Мико, поранешен почесен конзул на Република Македонија во САД.

Мико на профилот на Твитер го коментира доделувањето на орденот Јарослав Мудриот од неговиот колега од Украина, Руслан Стефанчук, со образложение „за исклучителни лични заслуги за украинската држава“.

– Потсетување дека Џафери како припадник на вооружените сили на Македонија во 2001 година дезертираше од својата позиција во армијата и се приклучи на терористичката ОНА и се бореше против сопствената држава. Тој не заслужува награди, тој заслужува затвор и многу повеќе, напиша Мико.

Тој долго време престојуваше во Република Македонија и добро ги познава политичките состојби, особено од тој период. Сега живее и работи во Тусон во САД, во сојузната држава Аризона.