Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 декември.

Денеска е Собор на Пресвета Богородица.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Ерхард.

Живеел во времето после преселбите на народите, кога покрстувањето на европските народи било од одлучувачка важност. Како мисионер во Шкотска живеел црквен и редовнички живот.

Како бискуп, желбата за Христос да освои што повеќе души, го натерала на мисионерски патувања. Умрел во Регенсбург, во 720 година.