Под урнатините на сирискиот град Алепо остана и четири годишната внука на Бранка Недељковиќ, Македонка која над две децении живеела во Сирија пред да избега поради војната.

Во обид да си ги извлече од станот на 4-кат во зградата, двете деца и сопругата, помладиот син во семејството Неделковиќ не успеал да ја спаси ќерка си.

– Тие не се повредени, тие се добро, ама девојчето.. четири години, отишла. Започнале да паѓаат делови од кујната, трчал да ги спаси, го спасил едното, не можел и другото, не можам ништо да го разберам и тој е потресен, и нема линија да зборувам со него. Нема контакт, нема струја, нема интернет, вели Бранка Недељковиќ.

Доколку на време се вратеа во Македонија, ништо од ова немаше да се случи, низ солзи вели Бранка Недељковиќ.

Таа веќе неколку години е заглавена низ лавиринтите на македонските инстицуии. Бидејќи помладиот син е роден во Сирија, не можел да дојде со неа и со постариот брат кога побегнале од ужасите на војната пред шест години. Оттогаш никако не успева да ги среди документите.

Тој бара да се врати во Македонија. И документите, и моите што ги зема, он ми даде пари, јас му ги испратив на него тие пари за да може да извади пасоши и добив ветување дека ќе го донесат во Македонија и ќе го вработат. Тој сака да се врати, не сака таму да живее, нема никаков живот, таму нема услови, вели Бранка Недељковиќ.

Бранка Недељковиќ, имала убав и мирен живот. Го запознала сопругот, Сириец, во 80-те во Скопје, кога тој бил овде како студент. Потоа заедно заминале за Алепо. Сето тоа се менува буквално преку ноќ, со почетокот на граѓанската во јна.

Бранка сега е во скопски Бутел каде се грижи за постариот син кој е во инвалидска количка откако бил погоден од заскитан куршум во Алепо.Тој има и психички последици, трауми бидејќи пред негови очи неговиот татко, сопругот на Бранка, се упокоил на почетокот на конфликтот.