Пред нас се историски избори за Македонија, избори кои што ќе ја одредат судбината на Македонија во следните 20 до 30 години. Не случајно нервозата е голема и кај Пендаровски со се цело СДСМ и кај ДУИ. Од една страна го гледате Пендаровски почна да навредува, од друга страна ДУИ мисли уште може да уценува. Ни едното ни другото не поминуваат, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од митингот во рамките на претседателската предизборна кампања во Прилеп.

Тој упати порака до ДУИ, претседател на државата се бирал, се бира и ќе се бира директно од народот на непосредни избори и ниедна уцена нема да помине, затоа што не се во позиција да уценуваат, а граѓаните со масовната излезност и на 24 април и на 8 мај ќе кажат едно големо „не“ на уцените.