Коста К., кој на 3 мај застрела 10 лица (чуварот и девет ученици) во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар, денеска наполни 14 години.

Иако ова е моментот кога малолетниците во Србија почнуваат да подлежат на кривична одговорност, нема да влијае на истрагата поврзана со наведеното кривично дело, извршено пред наполнети 14 години.

Коста К. денеска наполни 14 години, а јавноста во Србија оправдано се прашува дали тоа менува нешто во врска со постапката против него. Иако дури и владата на Србија по масакрот предложи границата на кривичната одговорност да се спушти на 12 години, во случајот со Коста К. тоа нема да се промени ништо.

Постојат неколку причини зошто тоа е невозможно. Според кривичниот закон во Србија, на сторителот на кривично дело му се суди според кривичниот закон кој важел во моментот на извршување на делото. Тоа значи дека Коста К. не подлежи на кривична одговорност без разлика што наполнил 14 години.

Адвокатот Иван Симиќ вели:

„Лицата на возраст од 14 до 16 години спаѓаат во категоријата на помлади малолетници, што значи дека може да им се изречат само воспитни мерки (засилен надзор на родителите, органите за старателство, можно упатување во затворена образовна установа, т.н. дом), помлад малолетник не може да биде осуден на малолетнички затвор. Исто така, доживотен затвор не може да се изрече за помлади полнолетни (помеѓу 18 и 21 година).

Но, Симиќ забележува дека во кривичниот законик има и друг став според кој на момчето-убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ ќе му се суди според сегашниот закон.

„Доколку по извршувањето на кривичното дело се менува законот, еднаш или повеќе пати, се применува законот кој е најблаг за сторителот“, прецизира законот.

Коста К. од моментот на приведување се наоѓа на Клиниката за невропсихијатрија за деца и младинци, а постапката се води и против неговите родители. Во притвор е таткото В.К. Се сомнева дека небезбедно го складирал оружјето, како и дека го однел малолетниот син да пука на стрелиште, објави Јутарњи.