Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, на места пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје, како што соопштија од УХМР, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса утре на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

На Попова Шапка и во Лазарополе утрово се измерени -2 степени Целзиусови, нула во Берово, Маврови Анови, 1 во Крушево, 2 степени во Крива Паланка, 3 во Скопје-Петровец, Охрид и Претор, 4 степени во Битола, Прилеп и Струмица, 5 степени во Тетово, Куманово, Скопје-Зајчев-Рид, Велес, Штип, Демир Капија, Виница и Кавадарци и 7 степени во Гевгелија.

Во изминатите 24 часа до 07 часот наврнат талог од 4 литри на метар квадратен има во Скопје-Петровец, Куманово, Крива Паланка, Ѓуриште, 3 во Охрид, 2 Гевгелија и еден во Скопје-Зајчев-Рид, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, Претор, Штип, Лазарополе, Крушево и Виница.

– Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, посочуваат од УХМР.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно со локален дожд, а утрово е претежно облачно.