Министерот за внатрешни работи на вонредната прес-конференција вечерва потврди дека во Турција е уапсен првиот осомничен за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски Палчо.

Палчо е уапсен по меѓународната потерница која ја објави МВР.

-Вечерва е уапсен и главниот извршител и организатор и креатор на овие кривични дела е фатен и лишен ое слобода во Турција, идентично на нашите оперативни сознанија за патеката на движење на осомничениот. Тоа беше последната алка од овој грозоморен чин за да ги разобличиме овие монструми. Вчера попладне на барање на МВР беше распишана итна меѓународна потерница на Интерпол. Тоа е црвената потерница која стана видлива во сите земји членки на Интерпол. Постапката за екстрадициониот притвор продолжува по процесура на МВР се додка лицето не биде спроведено во Македонија и изведено пред суд – рече Спасовски.

Спасовски ја објасни и постапката на лоцирањето на Палевски и неговото движење.

– Вчера неговиот адвокат го однел во Србија, таму е оставен во еден хотел, оттаму наредниот ден го презема друго лице од Скопје со џип ренџ ровер и преку граничниот премин Градина влегува во Бугарија, има транспорт низ територијата на Бугарија и влегува во Турција. Таму оди во градот Баликесир и нашите служби од секторот за меѓународна полициска соработка стапуваат во контакт директно со власти и и полицијата и со еден нивен оперативен извор кој што за кратко време врати повратна информација, дека лицето е во тој град и ни кажа за неговите намери. Оттука сакал да замине во Истанбул, се подготвува и со такси возач оди во Истанбул и тука е симулирањето негово и се враќа назад во Беликесир и денеска попладнево од страна на турската полиција е уапсен додека се движел пешки по улица во Баликесир – објасни Спасовски.

Спасовски ги покажа и фотографиите од приведениот Палевски фотографиран од турската полиција.

Спасовски се заблагодари на соработката и брзите реакции на службите од Србија, Бугарија, Турција, а се заблагодари и на Хрватска од каде нашето МВР били известено дека Палевски не е на нивна територија, иако и тие го бараат за некои кривични дела.

Тој соопшти и дека на повеќе од 100 страници е кривичната пријава поднесена против пет лица за случаите на Вања и Панче. За едно лице е поднесена кривична пријава за грабнување и за убиство, против три за грабнување и за соизвршителство во убиството и против едно за помагање при грабнување. Случајот е предаден во ОЈО.