Кај речиси 10.000 лица е дијагностициран канцер кој на некаков начин е поврзан со дишењето опасни материи по нападите во Њујорк на 11 септември 2001 година, објави „Њујорк пост“.
Во уривањето на Кулите близначки на Светскиот трговски центар се ослободиле опасни честички од авионското гориво, азбест, цементна прашина и остатоци од стакло, се вели во извештај на Здравствената програма во Светскиот трговски центар, пренесува „ПОст“.
Бројот на заболени постојано расте откако е почната програмата во 2013 година. Во 2015 година имало 3.204 случаи на заболени со рак поврзан со нападите, додека наредната таа бројка скокнала до 8.188.
По нападите починале 1.700 лица од причини поврзани со терористичките напади, од кои 420 заболени од рак, најмногу од рак на тироидата, а потоа се и со канцер на лимфните жлезди и леукемија.