Состојбата кај островот Лерос наликува на почеток на поморска битка меѓу Турција и Грција откако кај островот Калаподи (300 метри од Лерос) имало инцидент меѓу трурски и грчки рибари.

Според грчките медиуми, турските рибари истрелале предупредувачки куршуми кон грчките колеги, по што тие ја напуштиле опасната зона. Грчките рибари по ова ја известила поморската патрола која со два брода стасала до турскиот брод, но тој веќе се наоѓал во меѓународни води. Грчките рибари избројале шест истрели кои биле истрелани над нивните глави.

Инцидентот се случил во неделата и тој е само продолжение на тензичната состојба меѓу рибарите во изминативе денови.

Грчките рибари велат дека во Егејот се е моѓно да се случи.

Ова, според грчките рибари, е прв пат нивните турски колеги да пукаат.