Се ближи денот кога треба да се самоукинеме само со пуштање на гласачко ливче во кутија независно дали сме ЗА, ПРОТИВ или на ливчето сме допишале Бетмен и сме го заокружиле.

Затоа ќе ви предложиме 10 попаметни работи кои можете да ги направите во недела на 30 септември ако веќе сте решиле да не излегувате на гласање или ако се двоумите:

1. Гледајте филм. Недела е ден за одмор впрочем и тоа е напишано во божјите заповеди па одморете со добар филм.
2. Спијте цел ден. Конечно со спиење цел ден и лежење во кревет ќе го направете најпатриотскиот чин кој сте го направиле до сега.

3. Имајте секс. Недела е ден кој може да си го посветите со партнерот и цел ден да се валкате во чаршави.
4. Прошетајте во парк. Недела е ден за прошетки и разбистрување на мозокот во природа.
5. Одете на кафе со некој пријател со кој не сте се виделе 100 години.
6. Правете ајвар. Доколку не сакате да одморате и се чувствувате енергични можете да направите ајвар, бонус поени повикајте ги комшиите и тие да ви помагаат и недај боже да гласаат.

7. Гледајте во бел зид цел ден, се е попаметно од тоа да излезете на референдум.
8. Соберете се со другарите и направете пикник некаде во природа, рана есен е добра за пикник позната по убавата природа и многуте бои.
9. Одете на гости, посетете некои роднини или пријатели кои не сте ги виделе одамна. Бонус поени одете му на гости на некои кои планираат да одат на референдум за да ги спречите да излезат.
10. Направете ретроспектива на својот живот доволно имате време од 07:00 до 19:00 да си ги преиспитате сите животни одлуки.