Единаесеттта жртва на корона вирусот во Бугарија (во Македонија додека „танцуваме“ со вирусот имаме 10 починати при три ипол пати помалку жители), е 81 годишен маж од Стара Загора кој бил примен на 25 март во Универзитската болница во Стара Загора поради основната болест – тешка форма на дијабетис со 27 промили на шеќер во крвта и со бронхопневонија.
Откако му бил направен тест за Ковид-19, кој се покажал позитивен, бил преместен на Инфективната клиника.
Починал во четвртокот околу 19 часот. Неколку часа пред тоа се почувствувал подобро и посакал да испуши цигара на прозорецот, а лекарите тоа му го дозволиле, раскажал за 24 часа д-р Јовчо Јовчев.
Клиниката за ендокринологија каде првично бил примен пациентот веднаш била ставена во карантин.