„Корона епидемијата денес ни покажува и потврдува зошто човек не треба да биде манипулатор, алчен за позиции и не треба да има судир на интереси. Токму оваа епидемија потврдува дека кога некој има судир на интереси, не може да се однсува професионално и да дејствува рационално.

Таков е примерот со Претседателката на ЛКМ Калина Старделова, која седната во скутот на Зоран Заев и Венко Филипче, наместо да ги брани интересите на феалата и заштита на нејзините членови таа дава изјави со кои ја банализа големата бројка на инфициран медицински персонал кој работи со пациентите потврдени со Корона. За Старделова ДКСК пред повеќе од 4 месеци одлучи дека има судир на интереси. Но секако и таа какко директорката Цаца, со провиниенција од судски семејства се недопирливи за правдата.

Ова е ставот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ објавен вчера на нивниот ФБ профил по изјавата на Старделова дека е нормално да има заразени меѓу тие кои го штитат здравјето, односно меѓу медицинските лица. Комсијата понатамму истакнува:

„До сега околу 14-18 отсто од заразените со корона се медицински персонал, најверојатно заради несоодветната опременост и работа без заштита.
Секако за Калина Старделова е поважна директорката функција и функцијата претседател на ЛКМ, отколку да ја заштити фелата и персоналот.“