Во Европа има многу места кои можете да изберете да ги посетите и кои нудат богати историски споменици, интересни градби, прекрасни глетки, забава и слично. Покрај другите, неизоставен дел од тие места е и Будимпешта, град кој ветува многу. Па, денес ви прикажуваме неколку причини зошто би требало Будимпешта да ја ставите на листата на вашите следни дестинации за патување.

1. Тој е еден од најпознатите историски градови во светот

Будимпешта е покрај Дунав и била дом на луѓето уште од камена доба. Реката и замокот на Буда се во списокот на светско наследство под заштита на УНЕСКО. Кога ќе го посетувате овој град, резервирајте си ноќно крстарење за да ги видите во најубаво светло.

2. Најубавите глетки се бесплатни

Римските, готските и турските стилови го прават овој град архитектонски сон. Посетете ги рибарските кули, кои се сместени на западниот брег на реката Дунав, на ридот Замок од каде што има најдобар поглед на градот.

3. Тој е престолнина на храната и тоа со добра причина

Историјата на храната во Будимпешта буквално спојува векови. Посетете ги прекрасните земјоделски пазари на овошје, зеленчук и колачи.

4. Топлите извори го прават градот како едно големо спа-игралиште

Се вели дека Унгарија има повеќе од 1.000 топли извори, благодарение на тенката земјена кора. Кога ќе го посетувате овој град, дефинитивно вреди да испробате некои од термалните бањи.

5. Големата синагога е прекрасна

Најголемата синагога во Европа го вклучува унгарскиот еврејски музеј и меморијален центар на холокаустот. Сводовите ќе ви го одземат здивот!

A concert in the Great Synagogue, Budapest, Hungary. Built in 1859, the synagogue contains both Romantic-style and Moorish architectural elements. It is the largest Jewish house of worship in the world outside New York City and can seat 3000.

6. Постои важен пазар на храна

Големиот централен пазар е најголем пазар во Будимпешта и е стар повеќе од 100 години. На три импресивни нивоа, овде ќе најдете речиси сѐ што ви треба.

7. Будимпешта нуди одлични услови за патување

Овој град е погоден за какво било патување во Европа. Тука ќе најдете и лесен железнички трансфер до Истанбул, ако сте решиле да посетите повеќе земји со едно патување.

Budapest, Hungary; This photo can be found here on the Panadea website.

8. Ќе имате можност да престојувате во Големиот Хотел Будимпешта

Коринтскиот хотел Будимпешта е историски луксузен хотел кој без сомнение има што да понуди!

9. Исто така овде можете да станете и експерти за терор

Музејот „Куќата на теророт“ содржи серија изложби кои може да ве прогонуваат и со недели по посетата.

10. Во Будимпешта, виното е форма на уметност

Унгарија исто така е позната и по своите лозја. Влезете длабоко во пештерските лавиринти и дегустирајте вино кое никогаш нема да го заборавите.

11. Ќе го видите Маргитиниот островот

Маргит или Маргитин се наоѓа по течението на реката Дунав и тука можете да возите велосипед, да посетите зоолошка градина или да гледате концерт на отворен театар.

12. Ќе се забавувате во „урнатини“

Овие пабови кои се сместени во старите кина, згради или гаражи, се претворени во евтини барови од вашите соништа.