Само 18 држави во светот, од 215 држави, територии и области, имаат повеќе починати од корона вирусот од Македонија. Нашата земја со денешните 8 починати, ја достигна бројката од 414 починат односно 207 на еден милион житеи. Според овој параметар, само 18 други држави во светот имаат повеќе починати од нас од Ковид 19. Меѓу нив нема ниту една држава од Балканот или од централна или источна Европа. Се друго што постои на планетата Земја, а што има посебен систем од околните држави, а што може да ви падне на памет, подобро се справува со епидемијата од нас. Еве кои се тие 18 понесреќни држави од нас:

Белгија – 845 мртви на еден милион жители

В. Британија – 667 мртви на еден милион жители

Шпанија – 608 мртви на еден милион жители

Италија – 580 мртви на еден милион жители

Шведска – 556 мртви на еден милион жители

Франција – 462 мртви на еден милион жители

Чиле – 436 мртви на еден милион жители

САД – 430 мртви на еден милион жители

Перу – 388 мртви на еден милион жители

Бразил – 367 мртви на еден милион жители

Холандија – 358 мртви на еден милион жители

Ирска – 355 мртви на еден милион жители

Мексико – 297 мртви на еден милион жители

Еквадор – 297 мртви на еден милион жители

Панама – 240 мртви на еден милион жители

Канада 234 мртви на еден милион жители

Швајцарија – 227 мртви на еден милион жители

Ерменија – 213 мртви на еден милион жители

(на листата се и Андора со 670 починати, Сан Марино со 1 283 мртви, Каналски Острови со 270 мртви и Сент Мартен со 350 мртви)