Околу 200.000 поддржувачи на романската влада се собраа во главниот град Букурешт облечени во бело на протест против наводните злоупотреби на обвинителите за борба против коруцијата, јавија локалните медиуми.
Партиските лидери и многу други сметаат дека обвинителите имаат премногу овластувања и обвинуваат дека тие нелегално прислушувале телефони и незаконски прогонувале политичари.
Но, како што пренесе Франс 24 на англиски јазик, критичарите велат дека демонстрациите се дел од кампањата на владејачката партија да го ослабнат судството и да спречат акција против разурнувачката корупција во државните институции.
Романија е дна од најкоруомпираните членки на ЕУ, се наведува во извештајот на француската ТВ.
Лани антикорупциската агенција осуди 713 лица, меѓу кои 28 градоначалници и еден сенатор.
Меѓу демонстрантите беше и лидерот на СПД, Ливиу Драгнеа, кој го обвини судствотото дека создава „паралелна држава“ и себе си се опиша како жртва на тој систем.