Вечерва во 18 часот во знак на револт за распродажбата на националните интереси се блокираа крстосници и во Битола.

Битолчани се крајно разочарани и понижени од страна на ненародната власт предводена од Зоран Заев и велат дека нема да дозволат никој да поигрува со чувствата на Македонците.

На блокадите во Битола се обрати и Иванчо Тошевски кој јавно порача дека битолчани нема да се повлечат и секојдневно ќе бидат на улиците, се до конечниот пад на Зоран Заев и оваа квислиншка влада.