Таа на денешниот работен состанок добила шест гласа „за” од вкупно девет уставни судии, со што е постигнато потребното двотретинско мнозинство за избор на претседател на Уставниот суд.

Мандатот на новоизбраната претседателка на Уставниот суд, ќе започне од 2 јуни 2021 година.

Кацарска на претседателското место во Уставниот суд ќе го наследи судијата Сали Мурати кој ја извршуваше таа должност од 30 октомври 2019 година.

Добрила Кацарска и стана позната на македонската јавност како судијка во случајот за „27 април“ и по изречените казни за измислено дело од вкупно 211 години затвор.