Марко Китевски

Царот Самоил сакал во својата црква да има мошти на истакнат светител од првите векови на христијанството чиј култ бил раширен на поширок простор. Поради тоа од Лариса на островот во Преспанското Езеро ги пренесол моштите на св. Ахил Лариски.

Именден празнуваат: Ахил…

Во преспанскиот крај, но и во други краишта на Македонија сè уште е жив споменот и култот на свети Ахил епископ Лариски. Тој култ особено бил раширен по пренесувањето на моштите на светецот од страна на царот Самуил во неговата престолнина, на островот во Преспанското Езеро, кој поради името на светителот подоцна го добил името Свети Ахил односно Аил. Истражувачите на оваа проблематика истакнуваат дека „по пренесувањето на моштите на Ахил Лариски од страна на царот Самоил во неговата преспанска престолнина, било создадено секундарно, но мошне силно жариште на неговиот култ во Македонија“.

Преподобен Ахил бил роден во Кападокија од чесни родители кои уште од детството го воспитувале во христијански дух. Ја изучувал филозофијата, а длабоко проникнал и во внатрешната духовна филозофија. Поради неговите човечки вредности бил поставен за епископ Лариски, и во тоа својство учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, на кој со своето знаење но и со својата принципиелност и со својата светост ги засрамил еретиците и придонесол за победа на вистинските христијански принципи.

Неговото житие сведочи дека, на овој за христијанството важен собир, свети Ахил зел камен и на еретиците Ариевци им се обратил со зборовите: „Ако Христос е создаден од Бога, како што велите вие, од овој камен нека потече елеј!“ На тоа еретиците молчеле и се чуделе. Тогаш светителот рекол: „А ако е син Божји, еднаков на Таткото, како што веруваме ние, нека потече елеј од овој камен“. И навистина од каменот потекол елеј, на изненадување на сите присутни. Кога се вратил од Никеја св. Ахил ги урнал сите храмови на идолите и изградил многу цркви. Направил и многу чуда. Умрел како епископ Лариски околу 330 година.

Според тогашните традиции, кога сите стари афтокефални цркви своето потекло го врзувале за некоја од истакнатите личности на христијанскиот живот, апостол, учесник на вселенски собири, истакнат светител итн., и царот Самоил сакал во својата црква да има мошти на истакнат светител од првите векови на христијанството чиј култ бил раширен на поширок простор. Иако на овој простор од Македонија веќе ги имал моштите на светите Климент и Наум Охридски-чудотворци, во тоа време нивниот култ немал такви димензии како подоцна поради што царот Самоил се определил за моштите на свети Ахил, кој важел за заштитник на Лариса, но и на цела Тесалија, кој како учесник на Првиот вселенски собир но и како современик на славниот цар Константин имал пошироко раширен култ. Според историските сведоштва царот Самоил ја освоил Лариса во 985 или 986 година. Со пренесувањето на моштите на светецот од Лариса на островот во Преспанското Еезеро и со изградбата на голема црква што имала улога на соборна црква (меѓу народот останала позната како „Голема црква“) и што го носела неговото име, исто така изградена од царот Самоил, неговиот култ се проширил не само во Преспанско, туку и во Костурско и во други краишта на Македонија.

Празникот на св. Ахил се празнува на 15 мај (с.с.) и овој ден имал важна улога во животот на Охридската архиепископија. Иако седиштето на црквата се наоѓало во Охрид, нејзиниот синод често заседавал во црквата „Св. Ахилеј“ на истоимениот остров и тоа во мај (во пролет), водејќи сметка синодските седници да завршат до 15 мај ‒ празникот на Св. Ахилеј.

Пред да бидат пренесени моштите на св. Ахил на островот, тој се викал Преспа, подоцна го добил името на светителот, а на островот имало и село што го носело името Ахил (Аил). По победата на византиската војска над Самоуловата и по распаѓањето на Самоиловото царство, Василиј Втори на островот му ставил име Костанција, но тоа не можело да се зацврсти пред силниот култ на св. Ахил, така што островот пак си го задржал името на светителот.

Дека култот на свети Ахил бил силен во овој дел на Македонија зборува и присуството на неговиот лик во повеќе цркви. Така на пр. тој има значајно место во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Курбиново, во костурската црква „Св. Врачи“, во црквата „Св. Никола“ ‒ Манастир во Мариово, во црквата „Св. Никола“ во с. Псача, во црквата во Старо Нагоричане, во „Св. Никола Болнички“, во црквата на манастирот на Св. Наум и други цркви во Охрид како и на други места во Македонија, но и во Србија, Грција и пошироко, што зборува за неговиот необично широко распространет култ.

Овој ден се празнува о споменот на св. Гаврил Велички. Тој е еден од  неколкуте светители што Македонската православна црква ги прогласи последниве години  Познат е и како свети Гаврил Светогорец, епископ Велички. Овој наш современик, испосник и чудотворец роден е во Штип во 1926 година од православни родители, татко Методиј (во монаштво Кирил) и мајка Горица (Гора). Во родниот град завршил основно и средно училиште, по што се вклучил во Народно-ослободителната војна. По војната студирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград и дипломирал во 1955 година. Пота се вработил како професор во Гимназијата и Учителската школа во Штип каде што предавал историја и историја на уметноста. Се занимавал и со вајарство и важел за еден од најдобрите вајари во тоа време. Неговите ученици се сеќаваат дека за Велигден им давал по едно црвено јајце и им велел: „Деца, изедете ги јајцата, згмечете ја лушпата и расфрлајте ја по градот за сите да видат дека Христос воскреснал.“ Никогаш не ги прекинал молитвите и додека бил на студии во Белград и кога работел како професор во Штип. Во 1963 година  го напуштил световниот живот и заминал на Света Гора. При пристигнувањето на Света Гора имал видение, додека се  миел на брегот забележал како го набљудува некоја жена. Поради тоа што на Света Гора нема жени заклучил дека тоа е Пресвета Богородица. Тој настан имал позитивно влијание на неговите идни подвизи. На Света Гора имал многу проблеми како Македонец. Дури неколку пати и животот му бил загрозен но се спасувал на чудесен начин. Еднаш се скрил во пештера на чиј влез пајаците исплеле мрежа, за да не биде забележан од непријателите, друг пат го спасиле змии. Грчките власти одбиле да му дадат пасош, поради што морал да го заврши престојот и да се врати во Македонија во 1971 година. По враќањето завршил и Богословски факултет во Скопје и живеел во неколку манастири како на пр. во Матка, Побожје, Марков Манастир и во Зрзе. Во Матка му се приклучил и татко му кој исто така се замонашил. Во 1975 година се населил во Лесновскиот манастир и го обновил во тоа време запуштениот манастир.

Во 1981 година од страна на Синодот на МПЦ е избран за архимандрит, а во 1989 година е хиротонисан за епископ Велички. Починал шест месеци подоцна на 12 јануари  1990 година. Останал запаметен како човек кој постојано одел пеш. Ретко спиел и тоа на земја или рогузина, а и во најголемите студови се покривал само со едно ќебе рачно извезено со крстови. Држел најстрог пост, јадел само маслинки и чај. Не користел греење и светилка. Пишувал книги и есеи за повеќе весници. Се повлекувал во лесновските пештери каде што останувал со денови.

Си ја предвидел и смртта за што отслужил 40 заупокоени литургии, по што се упокоил со евангелието во рацете. Претходниот ден луѓето го виделе како подготвува вреќи со прехрамбени намирници за погребот. Никому ништо не кажал, оставил само еден лист на кој пишувало: „Јадењето направете го без масло.“

Направил повеќе чуда, со своите молитви излекувал дете од Струмичко што не зборувало,  потоа излекувал и дете што го удрил автомобил. Прави чуда и по упокојувањето. Сведоштаво за тоа е излекувањето на девојче од Кочанско кое што подолго време боледувало и за кое и лекарите изгубиле секаква надеж.  По молитвата над гробот и по мачкањето со масло, девојчето сосема оздравело.

На овој ден се празнува и споменот на преподобниот Пахомиј Велики потeкнувa од Тивaидa (Eгипeт). Родитeлитe му билe пaгaни, но тој уштe мaл соглeдaл дeкa пaгaнското вeрувaњe e лaжно и стaнaл христијaнин. Кaко војник учeствувaл во биткитe нa цaрот Констaнтин против Мaксцeниј по што сe крстил и зaминaл во Тивaидскaтa пустинa Тaму му сe јaвил aнгeл кој му прeдaл штицa со нaпишaн устaв нa мaнaстирот и му нaрeдил нa тоa мeсто дa изгрaди мaнaстир во кој ќe дојдaт многу луѓe зa дa побaрaaт спaсeниe нa своитe души. Пaхомиј нaвистинa зaпочнaл дa грaди мaнaстир, иaко тукa нeмaло луѓe, a и брaт му го прeкорувaл дeкa изгрaдбaтa нa мaнaстир нa тоa мeсто нeмa смислa. Мeѓутоa тукa подоцнa сe собрaлe многу монaси, a Пaхомиј изгрaдил уштe 6 мaнaстири. Св. Пaхомиј нaпрaвил многу чудa, но доживeaл и многу искушeнијa кaко од луѓeто тaкa и од дeмонитe. Во 348 годинa св. Пaхомиј кој тогaш бил во длaбокa стaрост ги собрaл своитe учeници чијa бројкa достигнaлa до 14000, ги посовeтувaл и блaгословил по што по дводнeвно болeдувaњe јa прeдaл душaтa нa Богa.