Илјадници приврзаници на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата десничарска влада се собраа вчера во Будимпешта за да го поддржат унгарскиот лидер, пишуваат српските медиуми пренесувајќи ја Танјуг. Српски Данас дури споменува 400 000 Унгарци.

Учесниците на собирот, наречен „Марш на мирот“, организираа прошетка низ улиците низ центарот на Будимпешта кон местото каде што треба да им се обрати Орбан, на денот на националниот празник по повод 65-годишнината од унгарската анти-советската револуција во 1956 година.

Маршот беше организиран од невладината организација Форум за граѓанско единство, активен промотор на политиката на партијата Фидес на Орбан, која доминира во унгарскиот парламент со двотретинско мнозинство од 2010 година. Како што изјави нивниот лидер Ласло Чизмади за АП, целта е да се демонстрира суверенитетот на Унгарија кон Европската Унија, за која тој изјави дека незаслужено ја обвини Унгарија за демократски неуспеси.