Гордана Силјановска Давкова убедливо води пред Стево Пендаровски по обработени 77,97 отсто од гласачките места. Според податоците од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска има освоено 311 483 отсто од гласовите или 43,02 отсто, а кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски 152 200 или 21,02 отсто. Бујар Османи има 77 963 гласа, а бројката пред името на Максим Димитриевски ја заокружиле 67 867 гласачи. За Арбен Таравари се изјасниле 53 073, а за Билјана Ванковска 35 389 граѓани. За Стевчо Јакимовски гласале 7 175, а неважечки се 18 843 ливче.