Лани, на 16 јули, Владата на РМ потроши над 170 000 евра за прослави низ Македонија по повод добиениот датум за членство во ЕУ. Како сме славеле нешто што не сме добиле не е сосема јасно, но еве како порталот Ако.мк извести за настанот:
„Организацијата на целиот настан, обезбедувањето на соодветна техника, озвучување, осветлување, бини, редари, технички персонал, сценска опрема, ангажман на 40-тина изведувачи коишто настапија во 15 градови ширум Македонија, транспорт на опрема и технички персонал, промоција на настаните, графички и визуелни решенија и активности за промоција, а се вкупно со сите ставки чини 11.900 евра по град или вкупно 179.500 евра за прославата „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“ во сите градови, објави Влада на РМ.
Прославата по повод поканата на Република Македонија за членство во НАТО и по повод утврдениот датум за преговори за членство во ЕУ, реализирана на 14 јули 2018 година во 15 градови низ државата, се организираше врз основа на Одлука и заклучоци од редовна Седница на Владата на Република Македонија, одржана на 10.07.2018 година.“
Целиот текст прочитајте го следниот линк https://ako.mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE-%D0%B8-%D0%B5%D1%83-%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B5/
Еве пак како ТВ Тера извести за тоа како Заев се најде на прославата во Битола по повод датумот за Еу и приемот во НАТО: