Сменет гувернерот на централната банка во Турција, поради продлбочените политички разлики меѓу владата и банката во услови на економска криза, нестабилност на лирата и високата инфлација.

Мурат Четинкаја раководеше со банката од април 2016 година Тој е отстранет од функцијата , а за негов заменик е назначен Мурат Ујсал.

Не е наведена официјалната причина за разрешувањето, но во последниве недели пазарите шпекулираа дека Четинкаја може да биде истуркан од владата поради неподготвеноста да ги намали каматите.